Подготвени сме за избори во кој било термин до април како што беше договорено и потпишано на 2 јуни. ВМРО-ДПМНЕ како партија секогаш се базира и ги темели своите активности на поддршката од граѓаните, изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски пред почетокот на седницата на Централниот комитет што вечерва се одржува во Охрид.
Тој истакна дека на седницата ќе бидат разгледани сите аспекти на политичката состојба во државата и оти ќе бидат донесени заклучоци за кои јавноста ќе биде дополнително информирана.
– Ние сме доведени до ситуација како држава, една партија која во континуитет губи на избори, да ја уценува целата држава и да предизвикува политичка криза со тоа надевајќи се дека без избори и поддршка од граѓаните ќе добие некои позиции за себе, за жал не водејќи сметка за најсуштинските интереси на граѓаните и на државата, рече Димовски.
Според него, со тоа се нанесува штета на угледот на државата на меѓународен, но и на економски план.
– Влегуваме во една фаза во која очигледно е дека СДСМ има намера и желба да го поништи договорот од 2 јуни потпишан меѓу партиите. Бараат начин како да ги блокираат сите обврски што ги преземале партиите, оцени Димовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст