| четврток, 6 декември 2018 |

Бронза за Мартин Несторовски, втор медал за Македонија медал на Европските олимписки игри

karateВтор бронзен медал за македонските спортисти или подобро речено каратисти на првите Европски олимписки игри што се одржуваат во Баку, Азербејџан.

Каратистот Мартин Несторосвки го освои бронзениот медал во дисциплината „кумите’’ +84 килограми, на Европски олимписки игри. Откако вчера, неговиот колега Емил Павлов се закити со бронзата, тоа денеска го стори и Несторосвки со што на Македонија и го донесе вториот медал од игрите кои се одржуваа одржуваат во Баку, Азербејџан.

Несторовски кој во квалификациите имаше по една победа, нерешен резултат и пораз, во полуфиналето загуби на поени од Германецот Јохан Хорне со 5:0.

Сепак, нашиот каратист беше убедлив во „малото’’ финале, па со 8:0 на поени го совлада Слободан Битевиќ од Србија и се закити со бронзениот медал на првите Европски олимписки игри.

Од македонските спортисти денеска настапија и борачот Тимур Хамикоев кој во грчко-римски стил во категорија до +85 крг. загуби во првото коло од Хрватот, Ненад Зугарј со 4:0 на поени.

Кајакарот Констатин Дејкоски заврши како последен (31-ви) во квалификациите од дисциплината К1, откако патеката ја мина патеката во време 4:02.329 минути, и беше единствен кој имаше резултат над 4 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top