Две лица се потешко повредени, а неколку полесно во сообраќајна несреќа која околу 17 часот се случила на патот Охрид-Кичево.
Од СВР Охрид велат дека во несреќата која се случила на местото викано Лавчанско свлечиште кај кичевското село Извор, учествувале мини бус со прилепски и автомобил Цитроен во кичевски регистерски таблички.
Потешко повредени, но надвор од животна опасност се двајцата возачи кои од кичевската болница, се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Од минибусот на повреди се пожалиле и неколку патници кои не се сериозни.
Полицијата во моментов извршува увид на местото на несреќата, а сообраќајот се одвива отежнато, односно наизменично се врши пропуштање на возилата. Очевидци за Курир велат дека создадена е километарска колона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст