| четврток, 6 декември 2018 |

Консултативен состанок на партиите од опозицискиот блок

sdsm1233311Заеднички консултативен состанок на претставници од сите политички партии на опозицискиот блок денеска се одржа во Скопје на кој претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги запозна за текот на лидерската средба одржана во Брисел, под покровителство на Европската унија.

На состонокот, информираат од СДСМ, заеднички беше констатирано дека можностите за продолжување на разговорите, на принципиелно и рамноправно ниво, може да се разгледуваат уште многу кратко време. Се размениле и мислења за понатамошни активности и делување на опозицискиот блок.

Оттаму посочуваат дека во духот на демократските принципи и вредности консултациите ќе продолжат со граѓанските организации, граѓанските активисти и поддржувачи како и во рамки на самите партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top