| четврток, 6 декември 2018 |

Хороскопски знаци кое се „очајни“ сопрузи

wedding-proposal-in-street

РАК

Иако е добар и чувствителен како човек, брачниот живот со него не е воопшто лесен. Кај нив постојат две крајности. На едната се оние што се многу семејни луѓе, традиционалисти, кои поминуваат доста време во својот дом. Сето тоа би било во ред ако не се претерани ситничари. Тие секогаш ќе најдат мана во сè и ќе бидат во состојба константно да приговараат. Често нешто не им е по волја. Во другата крајност се оние што се апсолутно незаинтересирани и мрзливи, кои ќе се оженат поради некој друг интерес, пред сè материјален. За нив не е потребно дополнително да се објаснува, затоа што нив семејството, во вистинска смисла, не ги интересира. Раковите, главно, им се верни на своите сопруги и добри се кон нив, но потребно е нивните желби да бидат задоволени.

СКОРПИЈА

Со мажот Скорпија, брачната хармонија може да ја исполните единствено доколку живеете во неговата сенка. Тој сака да биде доминантен и притоа жената да го следи, затоа што не поднесува да чувствува како жената е над него. Исто така, многу е посесивен и љубоморен, што не е мал проблем, па затоа, ако планирате да живеете со него, треба да бидете свесни за тоа. Добрата страна е тоа што баш поради желбата да напредува, тој главно е успешен во работата и добро заработува. Исто така, на својата сопруга и на децата ќе им пружи вистинска заштита затоа што љубоморно ги чува своите најблиски.

СТРЕЛЕЦ

Тој е толку многу друштвен и толку многу патува, што не го држи место, и затоа воопшто не е тип на кој би му годел семејниот живот. Тие се забавни и интересни мажи, но на повеќето работи гледаат авантуристички, па дури и на љубовта. Со нив е тешко да се живее, па мора да се приспособите. Љубомората кај нив не доаѓа предвид, сакаат да имаат свој простор, време за социјален живот што им е од голема важност и сопруга што ќе го прифати тоа без приговори. Исто така, често немаат чувства за другите, затоа што работите ги гледаат моментално, додека им е интересно, па така неговата сопруга би требало да биде полна со разбирање за неговата бурна природа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top