Научниците од универзитетот Колумбија осмислија софтвер, кој го споредува датумот на вашето раѓање со историјата на медицинските болести.
Тие споредија 1.688 болести и датуми на раѓањето на 1.7 милиони пациенти лечени во болницата New York-Presbyterian Hospital/CUMCпомеѓу 1985-та и 2013-та година и открија врска помеѓу 55 болести и месеците на раѓањето.
„Нема потреба премногу да се нервирате околу резултатот на ова истражување, бидејќи, иако утврдивме дека сепак постои таква врска, таа не влијае во толкава мера колку што влијае начинот на исхраната и вежбањето“, објаснуваат авторите на оваа студија. Оваа студија, која беше објавена воJournal of the American Medical Informatics Association, утврди дека луѓето што се родени во месец мај се и најздрави. Најголеми шанси, пак, да заболат од некоја болест имаат оние што се родени во месец октомври.
Истражувачите пронајдоа врска и помеѓу месецот на раѓање и девет видови на срцеви заболувања, па така било утврдено дека родените во месец март и во месец април имаат најголеми шанси за да заболат од атријална фибрилација или конгестивна срцева инсуфициенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст