Постоечките санкции на ЕУ против Русија, според чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек најверојатно ќе продолжат до крајот на годината, јави дописникот на МИА од Прага.
Заоралек додаде дека не очекува нивно засилување или ослабување, иако се зависи од моменталниот развој на настаните во источниот дел на Украина.
Тој смета дека на состанокот на Европскиот совет во јуни се можни три опции.
Или ќе се покаже дека страните во конфликтот во Украина го почитуваат договоророт од Минск и ќе има можност за постепено укинување на санкциите, или ќе се заклучи дека нема јасен напредок и ситуацијата ќе продолжи да се следи.
Трета можност е засилување на санкциите во случај да дојде до нов конфликт.
– Врз основа на тековните дебати, сметам дека најверојатна верзија би била продолжување на санкциите до крајот на годината, рече Заоралек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.