| четврток, 6 декември 2018 |

Седум жртви во поплавите во Тбилиси

поплава
Најмалку седум луѓе ги загубија животите во невремето проследено со поплави во изминатата ноќ во главниот град на Грузија, Тбилиси. Повеќе луѓе се водат како исчезнати, наведуваат руски медиуми.- Загинаа седум луѓе иако тоа не се конечни информации, изјави Давид Нарманија, градоначалник на Тбилиси.

Градот ноќеска беше погоден од невреме проследено со град и силен ветар како и поројни дождови во кои се поплавени куќи и згради, оштетени улици, инфраструктура.

Поплавени се повеќе од стотици куќи, подземни преминни и плоштади. Се излеа и реката Вера поради што е поплавен дел од Зоолошката градина. Дел од животните се удавиле, а 32 побегнале меѓу кои и тигри и мечки, јавуваат локални медиуми

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top