| четврток, 6 декември 2018 |

Инвестициски фондови во Британија анализираат напуштање на државата доколку излезе од ЕУ

лондон

Шефови на неколку големи фондови базирани во Лондон анализираат планови за префрлање милијарди британски фунти и илјадници работни места вон Велика Британија доколку државата гласа на референдум за излегување од Европската унија, објави Сандеј тајмс.

Фондовите формирале комисии кои подготвуваат евентуално преместување. Луксембург била една од дестинациите во која би ги префрлиле сметките и човечки ресурси.

Фондовите се принудени да ја напуштат Велика Британија во случај таа да излезе од Европската унија бидејќи по сила на европски регулативи продажбата на инвестициски продукти во ЕУ е дозволена кога седиштето на фонд е базирано во членка на Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top