| четврток, 6 декември 2018 |

Во Албанија во првото тромесечие 255,9 милиони евра директни странски инвестиции

албанија2

Централна банка на Албанија соопшти дека директните странски инвестиции во првото тромесечие од годинава забележале раст од 48,7 отсто, споредено со истиот период лани.

Според официјалните податоци,во периодот јануари-март инвестициите на странските компании во албанската економија достигнале 255,9 милиони наспроти 172 милиони евра во истиот период лани.

Според аналитичкиот извештај на банката, најголемиот дел од надворешниот капитал или 60 отсто инвестиран е во нафтениот сектор. На второ односно трето место се инвестициите во банкарскиот со 14 односно телекомуникацискиот сектор 3 отсто.

Во текот на минатата година директните странски инвестиции во Албанија достигнале 877,5 милиони евра, што е за 7,1 отсто помалку споредено со 2013 година.

ММФ најави дека падот на цената на нафтата на меѓународниот пазар може да влијае врз намалување на странските инвестиции во овој сектор,но според Централна банка на Албанија концесионерите на нафтените извори инвестирале многу повеќе во албанската екомномија споредено со лани. Банката најави дека диретните странски инвестици во Албанија ќе бидат одлучувачки во развојот на економијата, зголемувањето на вработеноста и квалитетот во производството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top