Во луксембуршкото гратче Шенген денеска во присуство на највисоки претставници на ЕУ свечено е прославена 30-годишнината од потпишувањето на договорот со кој се укинати граничните контроли меѓу 26 од 28 земји-членки на Унијата.
– Шенгенскиот договор ја измени историјата на целиот европски континент, изјави претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, споредувајќи го значењето на Договорот со падот на Берлинскиот ѕид.
Воспоставувањето Шенген зона тој го оценува како почеток на процесот кој ќе заврши со бришење на политичките, социјалните и културните бариери во ЕУ.
На собирот се обрати и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, а на крајот свечено е откриена и скулптура во вид на три столбови со ѕвезди, кои ги симболизираат членките на ЕУ.
Шенгенскиот договор на 14 јуни 1985 година го потпишаа 10 членки на тогашната Европска економска заедница, претходничката на ЕУ, а подоцна се придружија и три земји кои не се членки на Унијата: Швајцарија, Норвешка и Исланд. Единствени две членки на ЕУ, кои не пристапиле во шенген зоната, се Велика Британија и Ирска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.