| четврток, 6 декември 2018 |

ОМВ подготвува проект за нов гасовод од Русија

OMV

Австрискиот енергетски концерн подготвува прокет за изградба на гасовод за дистирбуција на руски гас до Европа, кој би ја заобиколувал територијата на Украина, објавија австриските медиуми.

Според неофицијалните информации, со новиот проект би раководел поранешниот директор на конзоциумот што требаше да го гради гасоводот „Набуко“, Рајнхард Мичек.

Гасоводот „Набуко“ беше заеднички проект на неколку европски енергетски компании, меѓу кои и ОМВ, преку кој требаше да се дистирбиура природен гас од Азербејжан до Европа. Гасоводот требаше да минува преку Турција, Бугарија, Романија и Унгарија до Австрија.

ОМВ досега не ги коментираше најавите за изградба на нов гасовод, но „Газпром“ објави фотографии од преговори одржани на 3 јуни, на кои се прикажани првиот човек на рускиот енергетски гигант Алексеј Милер, Мичек и новиот директор на ОМВ, Рејнер Зеле.

Во извештаите на австриските медиум не се посочува тарсата по која би се движел новиот гасовод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top