| четврток, 6 декември 2018 |

Мицковски: Толку ли сте наивни да мислите дека Заев преговара за нешто надвор од сопствениот спас?

Ivor-Mickovski-int91-740x320-topKолумнистот критикувач на власта Ивор Мицковски преку Фејсбук „замоли“ опозициските приврзаници да излезат од „наивата“ прашувајќи „Дали навистина некој мисли дека Заев преговара за нешто надвор од сопствениот спас“.
ivor

-Да расчистиме една работа. Не може постојано нам некој да ни е крив, во случајов Хан или ЕУ, не може да излагаме со ставови како тие не ја разбирале работата, како за нив ова е спор меѓу две политички опциии, а за нас останатите судир меѓу политичката структура и граѓаните.
Каде се граѓаните тука, кој легитимитет го има Заев во име на граѓаните?! Ако ги видам одредени експерти во тимот на Заев како преговараат, прашање и тогаш дали ќе се согласам со ставот дека граѓаните се претставени.Ова се претвора веќе во излагање на едни исти празни фрази, па сега е корумпиран, па не знам што, прифатете дека не знаеме да најдеме излез од статус кво ситуацијата и дека работите поради силата на режимот одат во прилог на режимлијата. Или демек ставот е дека позицијата на Заев ја отсликува волјата на граѓаните?! Толку сте наивни да мислите дека Заев преговара за нешто надвор од сопствениот спас, или навистина мислите дека деталите од преговорите што ни беа пренесени се тие вистинските. Дај излезете од наивата- порача Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top