| четврток, 6 декември 2018 |

Пјонгјанг ги обвини САД за обид за напад со антракс

antraxСевернокорејските власти денеска ги обвинија САД дека се обиделе да извршат напад врз Северна Кореја со „опасен агенс на билошко оружје“, вклучителено и жив антракс, јави ДПА.

Во псимо доставено до Советот за безбедност на ОН, Северна Кореја тврди дека американската армија испратила бактерии на жив антракс до воена база во Јужна Кореја, што, според неа, укажува дека САД планираат да употребат билопшко оружје против земјата.

– Најостро ги осудиваме САД поради нивната геноцидна постапка против човештвото и бараме Советот за безбедност… да ги истражи плановите на САД за билошка војна, се наведува во писмото.

САД во мај соопштија дека од лабораторија на Пентагон по грешка е ипсратен жив атракс во една воена база во близина на јужнокорејскиот главен град Сеул.

Лабораторијата во јужнокорејската база требало да добие угинати бактерии на антракс со цел да ги истражува евнтуалните последици по животната средина при негова употреба.

Покрај во базата во Јужна Кореја, според Пентагон, примероци на жив антракс од лабораторијата во американската сојузна држава Јута биле испратени во уште 17 лаборатотии во девет сојузни држави во САД и во Австралија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top