
Штерјо Наков, моќниот директор на „Фершпед“, само провизорно се повлекува од водството на фирмата. Тој, всушност, своите акции им ги подарил на синовите Драган и Сашо Наков, а еден од нив ќе го наследи на позицијата претседател на Управниот одбор.
Според најновите инфомации, Штерјо дури е можно да остане во компанијата како претседател на Надзорниот одбор. Било закажано акцинерско собрание на 29 март кога ќе се избираат нови членови на надзорниот одбор. Наводно бил предложен и Наков, заедно со неговата долгодишна заменичка Кираца Трајковска.
Според податоците на Централниот депозитар, Драган Наков поседува 11 проценти од акциите на „Фершпед“, уште толку поседува другиот син Сашо Наков, а Кираца Трајковска има нешто над 10 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


