Британката Елинор Хоукинс, која во Малезија е обвинета дека „предизвикала земјотрес“ на островот Борнео затоа што се фотографирала гола на планината Кинабалу, денеска беше изведена на сослушување пред суд.
Во локалниот суд во Кота Кинабалу, таа и Канаѓаните, Линдзи и Даниел Петерсон, и уште еден Холанѓанец, кои исто така се обвинети дека правеле разголени фотографии на врвот на „светата“ планина, признаа дека „погрешиле“ и дека предизвикале „вознемиреност во јавноста“.
Според лондонските медиуми, кои на овој случај му посветуваат големо внимание, сите четворица меѓутоа одбиле да ги прифатат другите делови од обвинувањата, а посебно дека нивната разголеност е причина за страдањето на локалното население.
Непосредно по „инцидентот“ со групата од десет странски туристи-планинари, од кои четворица се соблекле голи, реонот на Кинабалу го погоди земјотрес од 5,9 степени според Рихреровата скала, во кој загинаа 18 лица.
Припадниците на локалното племе Кадазан-Дусун, кои живеат на малезискиот дел од островот, веруваат дека фотографиите на Елинор Хоукинс и на другите тројца „многу ги разгневиле планинските богови, па тие предизвикале силен потрес за да се исчисти гревот“.
Племето Кадазан-Дусун верува дека духовите на нивните предци живеат на планината Кинабалу, а главниот дух од врвот на планината надгледува што се случува во подножјето.
Обвинителот во Кота Кинабалу не го поврзува земјотресот со она што го направиле планинарите, но на сослушувањето рекол дека тие се искачиле на врвот од планината за да го гедаат изгрејсонцето, каде се соблекле голи. Кога нивниот водич ги предупредил дека тоа што го прават не е во ред, тие го избркале.
Обвинителот објасни дека властите морале да реагираат за инцидентот, затоа што се соочуваат со „гневна реакција“ на локалната јавност, бидејќи за нив планината е свето место.
Малезиските адвокати кои ги застапуваат обвинетите сметаат дека реакцијата на властите е „бесмислена“, но сепак предупредуваат дека Британката и другите тројца обвинети може да бидат осудени на по три месеци затвор за наручување на јавниот ред и моралот.
Планината Кинабалу е под заштита на УНЕСКО и таму е забрането правење „непристојни“ фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



