Последната средба во Брисел на 10 јуни кога цела Македонија очекуваше распуштање на школата за блокирање на државата – помина неславно. СДСМ не се согласи на влада во која ќе учествува Никола Груевски, избран со големо мнозинство од партијата која со големо мнозинство е избрана од народот да ја води државата.
Бидејќи дипломатските напори не вродија со плод и трудот на еврокомесарот Хан, пратеникот Вајгал, американскиот амбасадор Бејли и останатите посредници беше речиси залуден, СДСМ достави нови две барања до ВМРО-ДПМНЕ.
Прво, исклучување од преговорите на Хан, Вајгл, Бејли и другите политичари од Европа и светот кои очигледно се пристрасни на страната на ВМРО и сигурно имаат бизнис интереси во Македонија поради што ја бранат позицијата на власта, како што забележуваат медиумите блиски до граѓаните и невладините блиски до СДСМ. На нивно место би можеле да пробаме и нови европски и светски политичари, но поради тоа што веројатно и тие нема 100% да се сложат со црвените линии на СДСМ, по што ќе биде јасно дека и тие се вмровци, најдобро е СДСМ да предложи свои членови како олеснувачи и посредници во разговорите. На пример, наместо Хан може да дојде Фрчковски, а на местото на Џес Бејли – Стево Пендаровски.
Второ – СДСМ ќе се сложи на преодна влада на чиешто чело ќе стои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и токму затоа предлага уште една кадрова промена: на чело на ВМРО-ДПМНЕ да дојде Зоран Заев со што и во оваа партија ќе влезе демократијата и волјата на граѓаните за Македонија, невладините и идеолозите на демократското општество Милчин, Геро, Фрчко и Најчевска кои прецизно објаснуваат: „Имаш демократско право да мислиш како мене“.
Ако се исполнат овие две барања СДСМ најверојатно ќе се врати во парламентот и ќе се спрема за избори. Освен ако не се премисли, па побара на местото на Заев во ВМРО-ДПМНЕ да дојде Гордан Георгиев бидејќи Заев го има на снимка со која се отвора сомнеж дека е корумпиран, а претседателот на Владата не смее да е корумпиран ни под сомнение.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст