| четврток, 6 декември 2018 |

Освој 1.000 долари за 48 часа!

Како да се освојат 1000 долари за само 48 часа?  Сите заинтересирани граѓани имаат можност да се пријават и да ја освојат наградата на многу едноставен начин.

Станува збор за првиот хакатон за климатските промени во Македонија на кој ќе можат да се предложат нови идеи и модули за надградба на апликацијата ‘Патувај Зелено’www.skopjegreenroute.mk

Победничката идеја ќе биде наградена со 1.000 УСД, наградата за второ место ќе изнесува 750 УСД, а за трето 500 УСД.

Хакатонот ќе трае 48 часа и ќе се одржи во Ценарот за Социјални Иновации – во склоп на Факултетот за информатички и компјутерски технологии (ФИНКИ), почнувајќи од 17:00 часот на 26ти јуни 2015.

Натпреварот е отворен и за поединци и за тимови. Единствениот услов за пријавување е во секој тим да биде вклучен барем еден Андроид програмер. Пријавувањето трае до 23-ти јуни.

По завршетокот на 48-часовен хакатон, 50% од гласовите ќе бидат доделени од експертско жири, додека другите 50% од гласовите ќе бидат доделени од јавноста, преку социјалните медиуми.

Победничките решенија ќе бидат целосно развиени и ќе станат дел од Патувај Зелено 2.0.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот линк: http://hackathon.socialinnovation.mk

‘Патувај Зелено’, за прв пат беше пуштена во употреба во 2014 год,  и ги снабдува сите кои се во движење во Скопје со најпотребните информации за да ја испланираат најбрзата, најефтината и најзелената рутадо посакуваната дестинација, благодарејќи наGoogle Transit алатката. Апликацијата исто така нуди  корисни информации за автобуски постројки и места каде што можат да се изнајмат велосипеди.

Настанот е во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и ФИНКИ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top