| четврток, 6 декември 2018 |

Работи што никако не смеат да се доближат таму долу

vag
Вашата вагина е многу осетлив дел, а дури и кога нешто ви изгледа неопасно, може да ве остави со инфекција, иритација или гребаница на овој дел. Многу е важно да знаете што смее, а што никако не смее да ѝ се приближи на вашата вагина.

Пластични и гумени секси-играчки

Кога ги користите некое време, вибраторите од мека пластика и гума може да напукнат, а тие пукнатини се идеални за криење микроби. Така многу лесно ќе добиете инфекција. Затоа, ако користите вакви направи, избирајте ги оние од тврда пластика, силикон или од нерѓосувачки челик. И не заборавајте да ги измиете после употребата.

Овошје и зеленчук

Иако на многумина им изгледа интересно, ставањето овошје или зеленчук во вагината може да ја наруши природната микрофлора на овој осетлив дел. Така може да дојде до бактериска или габична инфекција.

Чоколадо и шлаг

Фантазијата може сешто, но иако играњето со чоколадо и со шлаг може да биде многу секси, овие производи може да направат хаос во вашата вагина. Шеќерот во допир со слузокожата на вагината може да ја наруши вашата pH-вредност и да доведе до габична инфекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top