| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски оди во посета на Кичево

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ќе ја посети општина Кичево.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со кандидатот за градоначалник, Благоја Деспотовски, во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, а ќе се сретне и со граѓани во централното градско подрачје.

Груевски оди во Кичево по серијата инциденти што се случија во последните два дена по неделните избори. Завчера, во обраќањето на премиерот Груевски по затворањето на гласачките места, тој им порача на кичевци дека без разлика на резултатите од гласањето, тие нема да бидат заборавени и дека државата нема да се откаже од нив.

-Без разлика како ќе зврши пребројувањето на гласовите во Кичево и Струга и во други градови во западна Македонија. Сакам да упатам порака дека и Кичево и Струга се, и ќе останат Република Македонија и ќе останат наш нераскинлив дел без разлика на различни етнонационалистички соништа и илузии и ние нема да се откажеме од ниту една од нив. Тоа сакам да го испратам како порака и до Кичево и до Струга и до сите граѓани таму, порача Груевски на 24 март.

Но, Албански хулигани не чекаа многу за да почнат со провокации. На прославата на победата на Фатмир Дехари еуфорично уништуваа висечките реклами на заедничкиот кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, Благоја Деспотовски, а видеото сами го објавија на интернет.

Вчера пак, друга група хулигани Албанци се обидоа да го симнат македонското знаме од јарболот во центарот на градот. Знамето остана да се вее благодарение на стотина Македонци кои со жив штит го зачувале на јарболот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top