| четврток, 6 декември 2018 |

Матурски бисери

Додека во Франција средношколците се подготвуваат за полагање на матурата, во медиумите објавени се некои од најдобрите „бисери“ од претходните „испити на зрелост“.

На тестот по математика еден генијалец вака одговорил на прашањето што е триаголник: „Тоа е правоаголник без еден агол“, додека друг налутено допишан „зошто калкулатор ако не можеме да го користиме?“

Пишувајќи за инспирацијата во книжевноста што беше тема од француски, односно мајчиниот јазик, еден ученик напиша: „Писателката Колет најде инспирација во својата мајка, мислам дека и мојата мајка би можела да биде лик од некоја приказна, но во научно-фантастичен роман“.

На прашањето од природни науки што „бисексуалци“ еден од одговорите гласеше: „Тоа се оние кои се размножуваат два пати годишно“, а на прашањето од филозофијата „дали живееме за да бидеме среќни“ некој напиша: „Кога би одговорил – не, живееме за да бидеме несреќни, испитувачот веднаш би помислил дека сум дебил“.

Од одговорот на еден ученик може да се заклучи дека темата од историја била древниот Египет: „Биле многу практични затоа што имале повеќе богови, еден за небо – Ра, еден за земја – Изида и еден за умрените Оезис“.

Можеби најдобар одговор е даден на прашањето од географија: Наведете ги главните центри на производство на кафе – „Кафулиња, Неспресо, кафемати“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top