| четврток, 6 декември 2018 |

САД потрошиле над 2,7 милијарди долари за војната против ИД

САД потрошиле над 2,7 милијарди долари за војната против групацијата Исламска држава во Ирак и Сирија од почетокот на бомбардирањето во август минатата година, а дневните трошоци во моментов изнесуваат во просек по девет милиони долари дневно, соопшти Пентагон.

Министерството за одбрана објави детален извештај за трошоците, кој покажува дека две третини од секојдневните трошоци се за воено-воздухопловните сили.

Дневните борби, разузнавачките и другите летови дневно чинат над пет милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top