Влијателниот медиумски моќник Руперт Мурдок се подготвува да се повлече од функцијата извршен директор на корпорацијата „21 сенчри фокс“.
Според луѓе блиски до австралиско-американскиот магнат 84-годишниот Мурдок работата ќе ја препушти на синовите Џејмс и Лачлан. Помладиот Џејмс ќе биде директор, а Руперт ќе остане на функцијата претседател на медиумската империја, во што ќе му помага Лачлан, пренесува „Кликс“.
Портпаролот на корпорацијата „21 сенчри фокс“ изјави дека за наследувањето ќе се разговара на следниот редовен состанок на одборот, што треба да се одржи идната недела.
„21 сенчри фокс“ вработува повеќе од 25.000 луѓе низ целиот свет, вклучително во „Фокс ТВ“, филмското студио „21 сенчри фокс“. Корпорацијата поседува и 39 проценти од акциите во ТВ „Скај“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст