Mинатата година во земјава повеќе бракови се разведени отколку што се склучени. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани се склучени 13.813 бракови, кои се за 1,2 отсто помалку од претходната година, а се разведени 2.210 што е за 8,1 отсто повеќе во однос на 2013 година.
Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август, 13,2 отсто, а најмалку во март, 5,8 отсто. Жените најчесто стапуваат во прв брак со 92,7 отсто и мажите со 90,6 отсто. Во втор и трет брак почесто стапуваат мажите. Од вкупниот број бракови во 8,7 отсто мажите стапиле во втор, а во 0,7 отсто склучиле трет брак.
Просечната возраст при склучување на прв брак е 26 години за невестата и 28,8 години за младоженецот.
Најмалку разводи имало во август 3,0 отсто, а најмногу во декември 11,2 отсто.
Според возраста на сопругата, најголем број разводи се случиле во старосната група од 30 до 34 години, a за сопругот во старосната група од 35 до 39 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст