| четврток, 6 декември 2018 |

Топол викенд

g_toplo-vreme-sise

Прекрасно, ведро петочно утро. Ниту еден облак на небото над нас. Во 7 часот умерено толо. Еве што измери УХМР:

19 °С Гевгелија
18 °С Скопје (аеродром Петровец), Демир Капија и Штип
17 °С Скопје (З.Рид), Тетово, Струмица и Виница
16 °С Охрид, Претор, Прилеп i Битола
14 °С Крива Паланка
12 °С Берово
Според Метеопро до крајот на денот ќе се задржи претежно ведро време. Сосема мало зголемување на облачноста се очекува попладне. Можен е сосема слаб дожд во околината на Шар Планина.

Максималната температура ќе достигне вредности од 32 до 34 целзиусови степени во повардарскиот регион, како и во низините во источниот крај. Малку „посвежо“ ќе биде во југозападната област. Таму максималната температура ќе има вредност од 27°С до 31°С.

УВ индексот ќе има вредност 8

За време на викендот се очекува топло време, а во југоисточниот регион може да се каже и жешко. Максималната температура ќе има вредности околу 33°С во поголем дел од котлините во северниот регион, додека во југоисточниот крај се очекува таа да достигне вредности околу 35°С. Недела ќе биде потопла од сабота за еден до два степени.

Повеќе на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top