За чудотворниот напиток кој на вашата кожа ќе и подари затегнатост и еластичност, компоненти кои со годините ги губи нашата кожа, потребни ви се краставица, целер и органски зелен чај.
Смирувачкото дејство на краставицата е добро познато, а се припишува на кофеинската киселина и витаминот Ц, додека силициумовата кислелина како уште една компонента на краставицата е многу важна за одржување на здравјето на сврзното ткиво. Таа го подобрува тенот и го одржува здравјето на кожата, а здружена со водата, природно хидрира и и дава на кожата здрав сјај.
Целиот Б комплекс од целерот пак ја поттикнува разменат на јаглените хидрати во телото и ја одржува кожата здрава, додека неговата главна состојка кумаринот го спречува штетното делување на слободните радикали и кожата ја одржува блескава.
Третата состојка, зелениот чај има големо антиоксидантно својство, а заедно со витаминот Е и Ц го забавува процесот на стареење.
Потребни состојки:
- 2 излупени краставици
- 4 стебла целер
- 2 филџани органски зелен чај
Подготовка:
Во блендер ставете ги сите состојки и добро миксирајте, по потреба додајте и малку вода ако смесата ви е многу густа. Напитокот консумирајте го во што покус рок по подготовката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.