Тајландската полиција најави дека ќе ги заостри мерките за сузбивање на се помасовната појава на одржување ноќни трки со мотори низ улиците на Бангкок и другите градови.
Во мошне опасните и бучни трки со мотори најчести учесници се младите луѓе на возраст до 25 години, а жртви на бучавата се граѓаните што често остануваат без сон.
Само во главниот град Бангкок како многу опасни се означени десет градски улици на кои од сега ќе има поголем број контролни пунктови, а во акциите за „лов на моторџиите“ ќе бидат ангажирани повеќе полицајци облечени како цивили.
Покрај полицијата, во борбата против ноќниот кошмар од моторџиите ќе се вклучат и пазарните инспектори кои треба да дознаат кој и што купува во продавниците за делои со кои се зголемува моќноста на моторите.
Сегашниот лимит, 15-годишна возраст за добивање дозвола за возење на мотор, ќе биде зголемен на 18 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



