Босански граѓани, кои се враќаат од Сирија и Ирак каде учествувале во борбите, создаваат регионални мрежи, кои претставуваат директна закана за безбедноста на Балканот и надвор од него, се предупредува во извештајот на организацијата Атланска иницијатива, со седиште во Сараево.
Повратниците воспоставиле врски се до Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово и постои можност да се радикализираат маргинализирани момчиња.
– Босна, која некогаш беше дестинација за странски борци во 90-тите години од минатиот век, сега е извор на доброволци во војни меѓу други народи, изјави коавторот на извештајот Владо Азиновиќ.
Извештајот, кој е подготвен врз основа на сведоштва од разузнавачки извори и јавна документација, открива дека вкупно 192 полнолетни Босанци и 25 малолетни граѓани на возраст до 17 години патувале до воените зони во Сирија и Ирак од пролетта 2012 година до крајот на 2014 година. Од нив 156 лица, главно мажи, заминале да се борат, што ги прави Босанците еден од поголемите џихадистички контингенти од Европа. Над една третина од овие 156 лица имаат претходно судски досиеја, а нивната возраст е меѓу 18 и 74 години.
Досега 26 Босанци загинале во судирите во Сирија и Ирак.
Во извештајот се повикува за подобра координација меѓу полициските сили во Босна и за поголем мониторинг на интернет и социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст