| четврток, 6 декември 2018 |

Сами се закопаа: Геровски потврди дека Хан мислел на Заев кога зборувал за неодговорноста

gero

„Многу сум разочаран од недостатокот на одговорност + лидерство кај некого“ напиша Јоханес Хан на „Твитер“ по пропаднатите преговори во Брисел, а Бранко Героски ја разјасни дилемата на кого мислел еврокомесарот.

Героски јасно посочува дека Заев е оној на кого мисли Хан и дека лидерот на СДСМ е одговорен за неуспехот на преговорите во Брисел.

Во својот Фејсбук статус Героски во еуфорија да му реплицира на Хан за овој твит на својот профил на социјалната мрежа пишува дека “разочарувањето е обострано” на тој начин одговарајќи му на Хан во името на својот штитеник Заев.

gerovski-status

Ако разочарувањето е обострано како што пишува Героски тогаш е јасно дека ако Хан е едната страна оној кој одговара, а во овој случај Героски кој зборува во името на Заев, е втората страна, односно онаа страна која е посочена од Хан за одговорна за неуспехот.

Овој статус на Фејсбук на Героски дефинитивно го закопа Заев. На целата јавност сега и е јасно дека она што го говореше премиерот Груевски дека Заев е виновникот за немањето договор е  вистина.

И тоа го потврди токму Бранко Героски еден од неформалните шефови на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top