| четврток, 6 декември 2018 |

Колку борци регрутира ИД од Македонија? (ФОТО)

Jihad / Syria

Изминатата година, повеќе од 500 доброволци од просторите на поранешна СФРЈ се приклучиле во редовите на Исламската држава (ИД) во Ирак и Сирија.

Според најновото истражување кое го спровел Меѓународниот центар за студии на радикализам при Кралскиот колеџ во Лондон, од Македонија во редовите на Исламската држава заминале најмалку, односно 12 луѓе.

karta

Кога станува збор за земјите од регионот, Босна е убедливо најголем “извозник” на терористи, со оглед на тоа дека 330 луѓе станале дел од Исламската држава. Од Албанија се приклучиле 90 луѓе, од Србија околу 70, додека од Косово за Сирија и Ирак заминале околу 150 лица.

На светско ниво, најголем број доброволци доаѓаат од Тунис, дури 3.000. Втора држава на листата, со 2.500 луѓе кои се приклучиле кон ИСИЛ, е Саудиска Арабија.

Податокот кој најмногу ја загрижува ЕУ, е дека петина од вкупниот број на доброволци доаѓаат од земјите на Западна Европа.

Во тоа подрачје води Франција, од каде 1.200 државјани се приклучиле во редовите на Исламската држава во текот на минатата година.

Западна Европа стравува од повратна реакција, односно потенцијални терористички напади кои би ги организирале нивни државјани по враќањето од бојното поле.

фото:Блиц.рс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top