| четврток, 6 декември 2018 |

Наградени годинашните најдобри млади програмери

V

Најдобри млади програмери за оваа година се Климент Серафимов, Христијан Ѓоршевски, Борис Танчовски, Димитар Бајрактаров и Михаил Денковски. Годинашните лауреати на проектот „Најдобар млад програмер” денеска добија парични награди од Агенцијата за млади и спорт и стипендии за бесплатно студирање на ФИНКИ.

Тие победија на државните натпревари по информатика и ќе ја претставуваат Република Македонија на Балканската и Светската олимпијада по информатика и програмирање.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Марјан Спасески, истакна дека целта на проектот е поттикнување и охрабрување на младите луѓе да го покажат и развиваат својот талент, но тој е и можност да се стимулираат младите средношколци да го продолжат своето образование на техничките науки.

– За успешна реализација на проектот, потпишавме Меморандум за соработка со Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и со Здружението на информатичарите на Македонија, кое поседува лиценца за одржување државни натпревари во Република Македонија во програмирање – изјави Спасески.

Ппроектот почна во декември 2014 година. На училишните натпревари се пријавиле преку 400 учесници, што е десетпати повеќе во однос на минатите години.

Петтемина најдобри програмери биле избрани по поминати пет натпревари – училишни, регионални, државни, Македонската олимпијада и дополнителен изборен натпревар. Тие ќе бидат дел од Балкнаската олимпијада во Бугарија и на Светската олимпијада во Казахстан, која ќе се одржува од 26 јули до 2 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top