Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич, денеска на прес-конференција во Брисел го претстави видувањето на неформалната влада на ЕУ за синоќешните неуспешни 12-часовни преговори на четворицата македонски политички лидери (Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи), кои ги олеснуваше еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, заедно со европратеникот Иво Вајгл, генералниот секретарна ЕЕАС Ален Ле Роа и амбасадорите на ЕУ и на САД во Скопје, Аиво Орав и Џес Бејли.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, запрашана од кого е конкретно разочаран Хан што вчерашниот дијалог заврши со фијаско, со оглед на тоа што утринава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека е разочаран „од некого“, гласноговорничката со одговор: – Како што знаете, комесарот Хан, вчера одржа состанок со лидерите од четирите главни политички партии од Македонија, како продолжение на дискусијата за наоѓање решение за политичката криза што се уште трае во земјата. Тоа не беше прв состанок, бидејќи на последниот состанок во Скопје голем број на заклучоци беа веќе дискутирани и договорени, но некои се уште требаше да се разговараат во текот на вчерашниот ден и како што кажавте разговорите траеја речиси 12 часа. За несреќа, тие не водеа до договор и во светло на тоа, ние ургиравме сите страни во интерес на граѓаните и земјата, да најдат одржлив политички компромис без понатамошно одложување и да истапат со конректни предлози за нејзиниот крај, врз основа на договорите што веќе се постигнати – посочи Коцијанчич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.