| четврток, 6 декември 2018 |

Што не треба да се прави, денеска се слави преподобната маченичка Теодосија

тео

На денешен ден, според православниот календар се одбележува преподобната маченичка Теодосија Тирска, која е христијанска маченичка од почетокот на 4 век.

Легендата за неа потекнува од времето на владеење на царот Максимилијан, кога во Кесарија стоеле многу христијани врзани на плоштадот. Тогаш им пристапила девицата Теодосија и ги храбрела за смрт на маченици, но војниците ја слушнале, па и неа ја одвеле пред судија, кој наредил да ѝ се врзе камен за вратот и да се фрли во море.Сепак божјите ангели ја изнеле жива на брегот, но судијата повторно наредил да ја исечат на парчиња.

Настрадала во 308 година.

Во народот се верува дека на овој ден не би требало да се користат никакви јажиња, дури ниту да се пере и простираат алишта. Се верува дека, сепак, девојките што ќе го направат тоа ќе останат без потомство, додека мажите што ќе погрешат вака ќе бидат несреќни во секоја работа за која ќе се зафатат.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top