| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката државна телевизија ЕРТ по две години повторно почна со работа

ерт

Државната телевизија на Грција ЕРТ денеска емитуваше своја програма, за првпат по две години откако беше укината од една од претходните влади, во рамки на најстрогите мерки за штедење.

Левичарскиот премиер Алексис Ципрас, кој со големи напори настојува да постигне договор „пари за реформи“ со ЕУ и ММФ ја повика ЕРТ да ја затвори големата рана во спасувањето на државата.

Повторното отворање на државната телевизија беше еден од приоритетите на владата на СИРИЗА во рамки на напорите за укинување на мерките за штедење наметнати од кредиторите.

– Ова е посебен ден за Грците и сите што ги сакаат нив и Грција и слободното информирање – изјави водителот Никос Агелидис на почетокот на програмата.

Враќањето на ЕРТ чини 300 милиони евра, а оваа телевизија беше заменета со многу послаба НЕРИТ, што сега ќе биде споен со ЕРТ.

Партијата Сириза повторното отворање на ЕРТ го нарече голема победа на демократијата, а по повод овој настан планиран е голем вечерен концерт пред седиштето на телевизијата.

Владата најави дека сите 2.500 вработени, што беа прогласени за вишок, вклучително 600 новинари ќе бидат вработени, што ќе чини 30 милиони евра годишно.

ЕРТ беше затворена на 11 јуни 2013 година по што следеа протести на илјадници луѓе на улиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top