
Според истражување на Мисијата за заштита на човековите права во неколку провинции во Авганистан – во Херат, Парван, Баглат и Тахар – секој четврти работник во локалните рудници е малолетен. Шефот на организацијата Атаула Ата бара владата да преземе ефикасни мерки за заштита на детските права.
Помошникот на генералниот секретар на ОН за човекови права, Иван Шимонович, непосредно по посетата на Авганистан изјави дека мирните жители на земјата имаат потреба од дополнителни мерки за заштита.
– 2014 година беше ужасна за локалното граѓанско население, а според податоците за првото тримесечје од 2015 година, негативната тенденција се задржала – соопшти тој.
Претставникот ги посети центрите за живеење на малолетни авганистанци, меѓу кои има и такви кои биле подготвувани за атентатори. ОН соопшти за 97 регистрирани случаи на врбувани деца за минатата година – сите момчиња, а некои едвај и на осумгодишна возраст. Повеќето од нив, 72, се искористени од опозицски групации, како талибанците или организацијата Хакани.
Девет од нив биле подготвувани за атентаторит самоубијци. Петнаесет годишно момче се жртвувало во терористички напад врз полициски началник во провинцијата Газни, кога ги однел животите на тројца полицајци и двајца граѓани, а 16 души биле поредени. Деца исто така биле врбувани за изработка и поставување на рачно направени бомби, а биле претворани и во сексуални робови.
Безбедносните структури во провинцијата Лагман уапсиле 21 деца – некои и на седум години, кои биле испратени од талибанците во Пакистан за да бидат обучени како терористи самоубици. Според авганистанските власти, децата биле ослободени и вратени на семејствата.
Но, дваесет и пет случаи со врбувани и принудени деца им се припишуваат и на авганистанските национални сили за безбедност – на полицијата и армијата. Дванаесет годишно момче, на пример, загинало кога полицајци го натерале да прегледа сомнителен предмет. При експлозија на рачно изаботена бомба во провицнијата Кунар било рането момче кое било користено како носач во авганситанската војска.
За слична тенденција зборува фактот од организациите за заштита на децата од собирните пунктови во западен Авганистан каде полицијата спречиле 135 момчиња доброволно да се пријават за атентатори.
Вицегувернерот на провинцијата Газни, Мухамад Али Ахмади, соопшти за 11 момчиња кои биле задржани од локалните служби за безбедност. Маскирани како улични трговци, тие извршувале од талибанците поставени задачи – за постават ексползивни направи во неколку квартови во градот Газни.
Талибанското движење објави соопштение според кое бунтовницте егзекутирале најмалку 10 заробени од нив момчиња – вклучувајќи и две деца, обвинети дека шпиунирале за авганистанските сили за безбедност, и биле подложени на мачење пред да ги убијат.
На 19 октомври, полицајци од провицијата Фарах фатиле четири момчиња под сомнение дека поставувале бомби како помагачи на бунтовниците, и сите веднаш ги егзекутирале.
Авганиатанските училишта кои се контролирани од талибанците, понекогаш стануваат центри за врбување, а класните часови се користат за перењење на мозоците на децата. Таму ги обучуваат учениците безусловно да ги извршуваат наредбите, наизуст да го учат Коранот и десетици фатви, со што ги подбуцнуваат за убиства и крвопролевања,.
Талибанците сметаат дека така ќе си обезбедат трајно присуство во регонот; во меѓувреме, упатуваат закани кон локални женски училишпта и други наставни институции. Нивни активисти на движењето во провинцијата Нангахар, на пример, до училиште за девојчиња испратиле писмо со закани дека ќе ги полијат со киселина оние кои одат на настава. Талибанци од провинцијата Забул возвратија на владините мерки против нив со вооружени напади, и принудија 40 училишта да ги затворат вратите. Најмалку 13 учители биле убиени или ранети, а осум заробени и одвлечени од вооружени опозициски групации.
Според податоци на министерството за образование, околу 115,000 деца настрадале заради привремено или конечнио затворање на 539 училишта во јужните региони; десетици слични случаи има на југоисток и на запад. Регистрирани се најмалку 15 случаи во кои авганистаските сили за безбедност кориистеле училишта за воени потреби, лишувајќи ги децата од достап до образование. Притоа ги ставиле во опасност од напади од страна на вооружени банди.
На пример, во провинцијата Бадахшан, силите за безбедност привремено затвориле три училишта и на покривите поставиле артилериски орудија. Владата изјави дека им забранила на специјалните служби да користат училишта и болници како свои бази.
Деца биле лишувани од медицинска грижа заради штети нанесени врз медицински установи, по поставени експлозивни направи во поликлиники и болници, и во три напади и грабежи на здравствени објекти. Најмалку 39 медицински лица биле убиени, ранети, заробени или силувани. Со искучок на три инциденти во кои ниле замешани меѓународни или авганистански сили за безбедност, за сите останати веројатно се одговорни бунтовници, вклучувајќи ги и талибанците. Лидерите на движењето јавно ја поддржа намерата за вакцинирање на населението против детска парализа, но во редица провинции локалните талибански групации ги спречувале овие камапњи.
Околу 30 деца биле заробени во 17 потврдени случаи, од кои 16 биле припишани на талибанците и на други вооружени групации од опозицијата. Заробувачите ги обвиниле децата за шпионажа во полза на владата или на меѓународните сили, а во други случаи правеле обиди да ги врбуваат и да ги кроистат за сексулано искористување. Понекогаш имале за цел да им се одмаздадт на нивните семејства кои работеле за властите или биле симпатизиери на меѓународните сили.
Како што изјави шефот на службата за борба притв наркотици во провинцијата Кундуз, Абдула Башир Муршаид, таму живеат над 30 илјади наркозависници. Многумина од нив се навлечени уште од бебиња, затоа што мајките им давале афионско млеко за да спијат мирно. Скоро 300 илјади деца од Кабул и во други провинции пак се вклучени во шеми за незаконска трговија со наркотици. Шамсулах Ахмадзаи од независната комисија за човекови права, информира дека деца се корисат за продажба на хашиш, хероин и други дроги. На пример, малиот Хасан и неговиот брат пред неколку години останале без татко и станале дилери за да го прехранат семејството – секој ден доставувале дрога на околу 200 локални наркомани.
Одамна се знае дека Авганистан е на врвот во светот по одгледување на наркотички растенија и производство на дрога. Но, земјата е и на трето место по трговија со деца. Според податоци од министерството за внатрешни работи, деновиве 15 деца од Авганистан, на возраст од 9 до 15 години, биле одземени од рацете на трговци со робови во Пакистан. Затворени се каналите за да ги префрлат во Европа. Вообичаено трговците со луѓе ги претвораат децата во сексуални играчки или ги продаваат како извори за донорски материјали за органи за трансплантација.
Пред извесно време, специјалниот пратеник на Нато во Авганистан, Марк Седуил, за детската редакција на Би-Би-Си рече дека „авганистанските градови личат на мрежа од селца, каде децата живеат можеби побезбедно отколку во Лондон или во Њујорк. Во Кабул и во другите поголеми градови, всушност има многу малку бомбашки напади“.
Седуил уверуваше дека повеќето деца, вклучително и таму каде талибанците ја имаат контролата – на пример во Кандахар, водат нормален безопасен живот. Но нешто сосема друго тврди директорот на организацијата „Спасете ги децата“, Џастин Форсит, според кого тоа е целосно „невистинито“.
-Авганситан е најлошото место за деца на целата планета – таму секое четврто дете умира пред да наполни пет години, посочува Форсит. Тој тврди дека минатата година била една од најлошите за децата од крајот на 2001 година наваму – над илјада од нив биле жртви на воениот конфликт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


