Oбилни врнежи од дожд кои на повисоките места ќе преминат во снег ќе започнат вечерва, а ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, јави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) . Покрајдождот се очекуваат и локални грмежи и засилен ветер.
-Во текот на ноќта и утре под влијание на изразена циклонска активност и поле на низок воздушен притисок, од околу 20 мерни единици под просекот, ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе имаат пообилен карактер и ќе достигнат на 40 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат претежно од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка – соопшти УХМР.
Утре попладне и во текот на ноќта кон сабота и во некои пониски места врнежите од дожд ќе поминуваат во снег, но со послаб интензитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


