| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ја турка државата во нова поголема криза

zaev so han cropСо уривањето на преговорите Зоран Заев прави неповратна штета и ја турка државата во уште поголема криза.

Заев ги демантираше неговите медиуми финансирани од Сорос, коишто ширеа лаги дека премиерот Никола Груевски прифатил техничка влада и негово повлекување и единствено отворено прашање бил периодот на негово повлекување. Заев самиот изјави дека Груевски не се повлекол. Со ова медиумите на Сорос уште еднаш покажаа дека лажат и манипулираат.

Со ваквата разврска, на државата ѝ се заканува:

– Губење на препораката од ЕУ.

– Назначување специјален пратеник од ЕУ што значи дека државата се става во групата земји со безбедносен и политички ризик.

– Изолирање, како и неповратна економска штета, несигурност за граѓаните и за инвеститорите, запирање на реформите, нетрпеливост и продлабочување на тензијата.

Заев повлече чекор каков што му посочија Фрчкоски, Героски, Милчин и Ордановски. Тоа го докажува немањето капацитет кај Заев за лидер и дека партијата ја има препуштено на Сорос и на нивните лични интереси. Со ова Заев ја турка државата во нова, уште поголема криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top