| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Разговорите без разврска, не е задоволен условот за суштинското прашање

Politika82-sdsm-1

Разговорите во Брисел завршија без договор за разврска на политичката криза во Македонија по пат на преговори, соопшти СДСМ.

– Не е задоволен условот за суштинското прашање околу отворањето преговори,  организирање Влада што нема да ја предводи Никола Груевски.

Претседателот Заев и делегацијата на СДСМ останаа доследни на принципиелната позиција што е став и на граѓаните на Република Македонија, се наведува во соопштението.

Додаваат дека нема пазарење со слободата и демократските вредности што ги заслужуваат граѓаните на Македонија, како и нивните сограѓани од Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top