| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев бега од народот

zaev-08-juni-2

Заев поставува такви услови што знае однапред дека не може да се договори. Целта не му е да се договори, целта му е да се одложува работата, цела држава да живееме како заложници негови, истакна вечерва премиерот Никола Груевски по неуспешните 12-часовни преговори во Брисел со еврокомесарот Јоханес Хан.

Тој по 12-часовните преговори во Брисел со еврокомесарот Јоханес Хан, на кои присуствуваа партиските лидери, посочи дека атмосферата која Заев ја градел изминатите денови укажувала дека тој не сака да постигне договор.

– Брифинзите што ги пуштаа и интервјуата што ги даваше укажуваа дека ќе оди на таква варијанта за да не дојде до договор. Затоа што ако дојде до договор, тој треба да се појави на избори, пред народот и ќе загуби со најголем пораз во историјата на СДСМ – посочи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top