Вкупно 17.643 ученици од денеска до 19 јуни ќе полагаат државна матура. Од нив, 8.815 се од гимназиско образование, 8.550 од средно стручно образование и 278 од средно уметничко образование.
Во сите средни училишта во Македонија денеска ќе се полага мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, кој е задолжителен предмет на испитот државна матура. Македонски јазик и литература ќе полагаат 11.359 кандидати, 5.565 албански
Стрнски јазик ќе се полага на 15 јуни. И оваа година најмногу матуранти избрале да полагаат англиски јазик (16.336), а потоа следат германски (178), француски (134),и руски јазик 47 кандидати.
На 17 јуни ќе се полага математика, за која се пријавени 2.626 кандидати. На 19 јуни ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 4.582 кандидати, историја – 3.856, биологија – 3.654, филозофија – 2.679, хемија – 354, физика – 119 и естетика – 204.
Во сите испитни денови тестирањето ќе почнува во 10 часот.
Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



