
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, задоволен од победата над Швајцарија (26:17) и од тоа што капитенот Кире Лазаров немаше потреба да влегува во игра, само ги изведуваше седмерците.
– Одигравме многу зрело, одлично го почнавме натпреварот и целосно сум задоволен како се претставивме. Лазаров ќе играше само ако Чешка ја изненадеше Франција. Со победата на Франција, тој мораше да одмора, добро е што го заштедивме нашиот клучен ракометар и капитен – рече Обрван.
Тој се осврна и на претстојниот дуел в недела во Скопје против Чешка, решавачки за пласманот на Европското првенство. Упати апел навивачите во што поголем број да ја бодрат репрезентацијат и да ѝ помогнат во остварување на пласманот на ЕП.
– Не е сѐ готово. Играме со Чешка дома и тоа е клучниот натпревар. Им благодарам и на навивачите кои беа присутни тука во салата и нѐ поддржаа. Сега очекувам полна сала в недела и да ја потврдиме добрата форма со победа над Чешка и пласман на Европското првенство. Ги повикувам навивачите да ни помогнат – потенцира македонскиот селектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


