| четврток, 6 декември 2018 |

Заев со себе ја повлече и Македонија во бездна

zaev-08-juni-4
По повеќечасовни разговори и преговори премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијаа Зоран Заев не се договорија. Средбата во Брисел на четворицата лидери на најголемите партии во земјава, во посредништво на еврокомесарот Хан завршија неуспешно и не беше постигнат договор. Според информациите неодговорното однесување на лидерот на македонската опозиција енајголемата причина поради која преговорите ппоминаа без успех.

Тој, велат извори од Брисел, не бирал средства за да избегне предвремени избори. Веројато е свесен за рејтингот кој го има, како и за рејтингот на неговата СДСМ, па свесен дека ќе доживее тежок пораз прави се само да не дојде до избори. Тој по секоја цена бил решен договор да не биде постигнат. На денешната средба со високите претставници настапил арогантно и несериозно, поставувал ултиматуми, не ги водел дискусиите и не приложил никаков аргумент.

Свесни за тежината на ситуацијата и колку ова е важно за државата, останатите присутни на преговорите вложиле максимум за да се дојде до решение. Но тврдоглавоста на Заев резултирала со фијаско на преговорите и неуспешен крај на истите што е на штета на цела држава.

Според извори од Брисел странските претставници воочиле дека Заев нема елементарна култура бидејќи тој во текот на средбата молчел, не одговарал на нивните прашања и не посветувал внимание на предлозите дадени од нивна страна.
Брифинзите и лажните информации кои во текот на цел ден ги добиваа опозициските медиуми и пренесоа шпекулативни текстови, уште еднаш се покажаа како невистини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top