Скопје попладнево го зафати значителна нестабилност, со интензивен пороен дожд и грмежи, особено во источниот дел.
Според УХМР, нестабилноста ќе потрае и во следните неколку часови, но до крајот на денот постепено ќе се смирува.
Времето е нестабилно во цела Македонија, повеќе во северната половина, посебно во североисточните делови.
Во Крива Паланка до 14 часот наврнаа 14 литри на метар квадратен, а имаше појава и на ситен град.
Во вечерните часови невремето ќе се стабилизира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.