| четврток, 6 декември 2018 |

Борко Ристовски: Искусни сме за да ја „прокоцкаме“ шансата, но мора да бидеме и внимателни

borko ooo (Custom)
Чуварот на мрежата на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски верува дека оваа селекција е доволно искусна за да ја пропушти шансата да се најде на завршницата на Европското првенство што следната година ќе се одржи во Полска.
Во пресрет на дуелите со Швајцарија и Чешка, во квалификациите на ЕП, Ристовски потенцира дека оваа селекција има големо искуство, да избори победи кои ќе ја одведат Македонија на уште едена завршница на континенталните собири.
– Искусни сме, со долги години стаж во репрезентацијата, и мора да сфатиме дека ова се двата натпревари се оние клучните, за кои се подготвувавме цела година.  Нашиот континуитет на настапи на големите натпреварувања, зависи токму од овие два натпревари. Не треба да ја „прокоцкаме„ укажаната шанса, вели голманот Ристоски.
Ристоски предупредува, дека на вечерашниот меч против Швајцарија, не смее да се потцени противникот и дека, се ќе зависи од последниот дуел со Чешка во недела во Скопје.
– Мислам дека треба да бидеме фокусирани пред се на вечерашниот натпревар против Швајцарија. Нема да ни биде ни малку лесно, напротив. Уште вечерва ќе имаме многу проблеми, бидејќи не сме комплетни. Затоа, мислам дека ќе ни треба и многу среќа и да одиграме квалитетно, за да излеземе како победници од овој натпревар, завршува Ристоски.
Натпреварот меѓу Швајцарија и Македонија ќе се игра вечерва во Сент Гален со почеток од 20 часот. Во првиот меч од шестата квалификациска група, од 18 часот и 10 ќе стартува дуелот меѓу Чешка и Франција.
По пет одиграни кола во оваа група води Франција со 8 бода, пред Чешка која има 5, Македонија 3 и Швајцарија која е без освоен бод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top