| четврток, 6 декември 2018 |

„Види музика, слушни слика, добиј книга“ на 18 јуни во Градски парк

Традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“, годинава по осми пат ќе се одржи на 18 јуни (четврток) повторно во Градскиот парк во 21 часот.

vidi muzika2

 

Овој пат, организаторите на настанот, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, ќе го претстават фасцинантниот проект „Бродвеј под ѕвездите“ кој во една вечер ќе донесе хитови од најпознатите филмувани мјузикли.
Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство на маестро Борјан Цанев, додека солист на концертот е популарната вокалистка Сара Костадиновска која музичката публика ја познава како Сара Мејс.
И овој пат на огромни платна покрај сцената инспирацијата од музиката ќе ја пренесат двајца ликовни уметници. Годинава честа за тоа им припадна на Милан Андов и Стојан Ѓуриќ. На настанот ќе бидат поделени и 20 илјади примероци од книгата „Фигури“ од чешкиот новинар, писател и поет Јан Неруда, еден од најистакнатите ликови во литературните кругови во Чешка во втората половина на 19.век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top