| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се закани: „Само ако се премислам, ќе видите…“

 zaev-08-juni-3
Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред заминувањето за Брисел каде денес ќе има средба во лидерски формат со еврокомесарот Хан, а на која треба да се прецизираат деталите за владата која ќе ги спроведе изборите наредната година, уште еднаш ги нагласи црвените линии на СДСМ.
„Кажавме јасно и ќе повториме повторно. Зоран Заев и СДСМ нема да учествуваат во преодна влада во која ќе се наоѓа господинот Никола Груевски и тоа останува нашата црвена линија“, изјави Зоран Заев и додаде:
„Е сега, се прашувате сигурно дали е можно да се премисламм… Секако дека е можно да се премислам бидејќи како што знаете да не се премислував денес немаше да бидам во Брисел за да имаме сите прилика да видиме дали ќе се премислам уште еднаш и дали воопшто знам што правам. Така да би му порачал на господинот Груевски, на комесарот Хан и другите дипломати: не ме терајте да се премислам, бидејќи само ако ви се премислам, ќе видите што е прифаќање преодна влада! Хехехе…“, заврши низ смеа господинот Зоран Заев после што на барање на новинарите го направи својот познат хепи фејс кој го одбележа излегувањето на претседателот на СДСМ од разговорите со Хан во Скопје.
Неговите соработници потврдија дека господинот Заев деновиве интензивно тренирал „хепи фејс“ пред огледало со цел да има ефектно излегување и од разговорите во Брисел без оглед на нивниот епилог, исто како на претходната средба во Скопје.

Кромиди Запад

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.  

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top