| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на сингл девојка: Зошто немам момче веќе две години

Отвореното писмо на една девојка од Белград ги запали социјалните мрежи во целиот регион. Има 27 години и веќе две години не може да најде момче.

„Имам 27 години, самостојна сум, паметна, атрактивна и сум дел од најновиот тренд „singl“. Благодарение на добрите гени на моите родители немам проблеми да привлечам мажи, но само по неколку состаноци губам интерес за нив.

Сите од моето опкружување, вклучувајќи нормално и моите родители ми велат дека моите очекувања се преголеми и дека треба да ги спуштам моите критериуми. Јас не се согласувам со нив. Мојата „чаша со чај“ е таму некаде и јас точно на време ќе стигнам до неа, а до тогаш, ајде да ја разрешиме мистеријата:

– Сама сум затоа што одбивам да гледам со партнерот филмови кој не ги сакам и да слушам музика од која ми се дига косата на главата.

Затоа што јазикот ми е побрз од паметот па на првиот состанок прашувам:

– Кој прашак го користи твојата мајка?

Добивам зачуден одговор

Од каде знаеш дека мајка ми ми ги пере алиштата?

Толку многу ми мириса твојата маица што ми ги штипе очите и така испеглана како да си ја земал од ексклузивен бутик.

Сама сум зошто не можам да климнам со главата кога мажот вели: „Ти ќе ме чекаш дома со подготвен ручек, а јас после работа ќе гледам фудбал и ќе пијам пиво“.

Затоа што мислам дека „Sony“ е девојка со која ме изневерува и не можам да поднесам да игра игри до доцните часови.

Затоа што немам трпение да чекам три месеци за маж да ме покани на состанок.

Сама сум затоа што ми вели: „Ќе ти се јавам утре“ а се јавува после три дена, како овие два дена да сум ги поминала во кома.

Затоа што кога ќе излезам на состанок веднаш почнува да ми набројува колкав имот има, како да работам во даночна управа.

Затоа што ми поставуваат прашање „дали знам да готвам?“ тогаш одговарам „Да“, но дали знаеш да заработиш пари за да има од што да направам. Одговор не добив.

Затоа што сме излегле на пијалак прв пат, го вика келнерот и оди во тоалет. Келнерот ја носи сметката, јас плаќам. Излеговме на уште еден пијалок, келнерот повторно ја носи сметката, а тој гледа во телефонот, јас плаќам по втор пат. Е третиот пат стига сметката и јас му викам „се гледаме“. Тоа беше последен пат кога излегов со него.

Затоа сум сама! Но, не за долго“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top