| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се десетте алкохоличари кои оставија најголема трага во историјата?

Некои луѓе пивнуваат по некоја чашка алкохол, а на други им е важно колку ќе испијат. Има и луѓе кои биле на важни функции а алкохол конзумирале постојано. Тоа што биле на сериозни функции не ги спречи овие луѓе секогаш да бидат со чашката алкохол во рака.

Bette_davis_the_little_foxes-620x350

Меѓу дететте влијателни личности во историјата кои постојано биле со чашката алкохол се: Кралицат Елизабета, Вилијам Фокнер, Бет Дејвис, В.Ц. Филдс, Александар Македонски, Дороти Паркер, Френк Синатра, Ернет Хемингвеј, Винстон Черчил и Борис Елцин.

Легендата вели дека Кралицата Елизабета пиела по едно шише џин дневно, но тоа не ја спречувало да ги обавува државничките работи. Умрела во 101. година. Големиот писател Фокнер велел „цивилизацијата почнала со дестилација“. Тој бил голем љубител на виски.

Една од најголемите холивудски актерки Бет Дејвис имала богата кариера која траела преку седум децении. Освен по талентот, бистриот ум, била позната и по склоноста кон чашката.

Американската писателка и поетеса Дороти Паркер во една прилика изјавила „Уште еден пијалок и ќе станам домаќин на оваа кафана“. Се говори дека Паркер можела да испие повеќе од своите машки пријатели во Њујорк во дваесетите години на минатиот век.

Синатра секогаш имал виски во раката. По желба на неговите деца тој е погребан со шише „Џек Даниелс“.

Позната е изреката на Хемингвеј: „Човек не постои додека не е пијан“. За појадок пиел чај и џин, попладне апсинт, вотка и вино.

Легендарниот британски премиер е добро познат по апетитот за алкохол, посебно во последните фази на Втората светска војна. Секогаш на маса имал чаша виски, а пиел бренди и шампањско за ручек и вечера.

Русите се познати по конзумирање алкохол, ама Елцин е далеку пред сите. Често пиел во јавноста, вклучувајќи ги важните дипломатски настани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top