| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Клучен ден да се најде трајно решение и да се тргне напред

hannn400
Ова е клучен ден да се најде трајно решение и да се тргне напред, напиша на „Твитер“ еврокомесарот Јоханес Хан пред почетокот на средбата во Брисел со четворицата лидери на најголемите македонски политички партии за надминување на политичката криза во Македонија, пренесе МИА.
Средбата што се одржува во зградата „Берлемонт” на Европската комисија во Брисел стартуваше во полн состав околу 11.30 часот.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, иако првично беше предвидено Хан да има на почетокот билатерални средби со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а потоа и со премиерот Никола Груевски, сепак, двајцата, седнаа на заедничка маса заедно со известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл, како и лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети.
sredba-lideri-han

Како што извести портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич, четворицата македонски лидери плус Хан и Вајгл седнаа веднаш на маса со цел да постигнат договор во однос на прашањата од постигнатата рамка на минатонеделниот состанок во Скопје.

Она што изненади на стартот е потегот на претседателот на СДСМ, кој единствено пред средбата даде изјава, но за медиум избран од негова страна и на оддалечено место од другите новинарските тимови кои во прес-собата на Европската комисија го очекуваат исходот од денешните преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top