| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе од 6 недели издрогирано се бори за живот на Клиника во Крагујевац

Лекарите на Детската клиника во Крагујевац, Србија се борат за животот на бебе старо само 40 дена, откако во понеделникот е примено во тешка состојба. Во неговиот организам биле пронајдени трагови од метадон и бенсадин, лекови кои се користат за одвикнување од дрога. Се претпоставува дека дрогата во организмот на детето дошла преку мајчиното млеко.

Таткото (31) и мајката (29) на бебето, инаку регистрирани наркозависници, се приведени во полиција и по сослушувањето се пуштени на слобода.

Бебето е приклучено на апарати за дишење и неговата состојба е критична.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top